Се снима документарната серија „Бекамови“
Можеби една од најпознатите двојки од јавната сцена - Викторија и Дејвид Бекам работат на документарната серија „Бекамови“ на Нетфликс, што ќе понуди познати и непознати подобности од нивниот живот. Викторија, по тој повод, раскажува како се запознале...
Викторија и Дејвид Бекам првпат се сретнале далечната 1997 година, а познатата дизајнерка и поранешна „спајсица“ не крие дека често одела на фудбалски натпревари за да го запознае својот иден сопруг.
- Тоа што одев на натпреварите да се сретнам со него, некои би го протолкувале како „демнење“... Јас повеќе би рекла дека само сакав да го видам, вели таа.
На хуманитарен натпревар се случила и „судбоносната средба“. Викторија натаму објаснува што особено ѝ се допаѓа кај Дејвид.
- Кога го видов во салата за фудбалери, сите останати играчи беа во барот, а тој стоеше и разговараше со родителите. Јас сум многу блиска со моето семејство и ми се допадна таа негова страна, додаде таа, пренесува „Дејли мејл“.
Поради советите на колегите, тие првично ја криеле својата љубов, па иако „не е толку глупаво како што звучи“, Викторија признава оти се среќавале и на паркинзи. По две години, врската ја крунисаа со брак, но неговото семејство не било најсреќно поради неговата одлука да се ожени на 24 години.
- Бевме загрижени дека ќе изгуби сѐ за што се залагаше бидејќи фудбалот секогаш беше на прво место за него, а потоа тоа се смени, раскажува мајката на Дејвид, Сандра Бекам.
Сепак, велат, и двајцата не ги запоставија своите кариери, туку наишле на поддршка еден во друг. Премиерата на серијата се очекува на почетокот на октомври.
Ново на Сител
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција