Џони Деп режира филм за Модиљани
Џони Деп неодамна почна со снимање на својот нов филм во Будимпешта, Унгарија, во којшто една од главните улоги ќе толкува Ал Пачино.
„Моди“ е вториот долгометражен филм режиран од Џони Деп, а во него ќе глумат и Италијанците актери Луиза Раниери и Рикардо Скамарцио. Приказната го следи италијанскиот уметник Амедео Модиљани (Скамарцио) - сликар и скулптор - инаку лошо момче, кој главно работел во Франција и станал познат по револуционерниот модерен стил на неговите портрети и актови.
Раниери ја глуми Розали, сопственичка на италијанско кафуле во Париз. Според раскажувањата за италијанскиот уметник со доста пороци, а починал на 35-годишна возраст, Розали му била мајка, и се грижела за Модиљани кога бил пијан и без пари дотолку што не можел да си дозволи оброк.
Ал Пачино ќе го глуми светски познатиот колекционер на уметност, Морис Гангнат. Во филмот ќе се појават и Антонија Десплат, Стивен Грејам, Бруно Гуери, Рајан Мекпарланд, Бенџамин Лаверне и Сали Филипс.
Се очекува снимањето на „Моди“ по неколку седмици во Будимпешта да се премести во Италија.
Филмот го означува и враќањето на Џони Деп на режисерската фотелја 25 години по „Храбриот“, во којшто тој и глумеше покрај Марлон Брандо. Инаку, една од неговите последни улоги е во филмот „Жан ди Бари“ каде што го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти кој се вљубува во проститутка. Филмот беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан оваа година, а привлече големо внимание бидејќи ова е негова прва улога по судењата со неговата поранешна сопруга Амбер Хард.
Ново на Сител
-

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци
-

Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ за товарни возила, патничкиот сообраќај се одвива непречено
-

Кремљ: Преговорите за Украина сè уште се во рана фаза
-

Двајца малолетници од Радовиш запалиле паркиран автобус
-

Гостин за моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“: Не го забележавме, кажаа од бендот, пред излезот веќе настана стампедо и се чувствуваше мирис на чад
-

Четворица кандидати досега се пријавиле на огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ
-

Поскапуваат дизел горивата, цените на бензините не се менуваат
-

Протест на превозниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини
