Црвени рози за маратонците во чест на Тоше во Крушево

Со црвени рози и многу сеќавања крушевчани денеска на пладне ќе ги пречекаат маратонците кои трчаат до Гумење во Крушево во чест на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Пред 16 години, на 16 октомври 2007 година Тоше го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска.
Маратонците своето трчање го почнаа во Нова Градишка. На пладне ќе пристинат и ќе се поклонат пред неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево. Низ улиците до Гумење, крушевчани ќе ги пречекаат со црвени рози. Тоа е традиција што ја воспоставија учениците од средното крушевско училиште „Наум Наумоски - Борче“.
Спомен-куќата на Тоше на Гумење ги пречекува бројните посетители и фанови кои и годинава ги има од сите краишта.
-16 октомври е ден кој носи многу тага, солзи и неверување за сите кои го познававме, го сакавме и се уште го почитуваме. Во Спомен-куќата ќе биде претставена Тактилната изложба на музејски предмети, со објаснување со Брајовото писмо. На овој начин на денот кога пред суровата реалност затвораме очи пред фактот дека Тоше го нема, заедно со слепите лица ќе имаме можност да ги допреме, тактилно, неговиот лик, неговиот манастир, неговите гитари и многу други музејски предмети, дел од поставката во Спомен-куќата, вели директорката на Спомен-куќата „Тодор Проески“, Лефкија Гажоска.

Во Спомен-куќата, која е најпосетуваниот музеј откако е изграден во 2011 година, ќе биде презентирано и видео на знаковен јазик и ќе биде поставено на веб-страницата на Спомен-куќата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Гинекологија
-

САД ја нападна Венецуела и го зароби Мадуро
-

16-годишниот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар
-

Семејството Арслани бара правда за 2 годишното дете кое почина по повреда за новогодишната ноќ
-

Две лица загинаа, откако со возило излетаа во Радика: Низа сообраќајни несреќи поради замрзнати коловози
-

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
-

Мицкоски: Забрзано се спроведува реформската агенда што ја бара Брисел
-

Опозицијата предвидува тешка 2026 година и избори, премиерот одговори: Внимавајте што посакувате
