Бизнис
31. August 2018 - 20:50

Занаетите изумираат заради евтините индустриски производи

Старите занаети полека заминуваат во заборав.  Новото време и брзиот  развој на индустријата напарвија голем дел од традиционалните знаетчиски дејности од кои егзистирале голем број семејства да исчезнат или да дојдат на работ на изумирање.Од занаетчиски регион во кој порано  имало регистрирано околу 1500 занаетчии денска во Струмица и околните општини егзистираат околу 400 занаетчии.

,, Индустријата го направи своето. Ефтините готови производи полека но сигурно си го заземаат местото на пазарот. Кај нас се увезува се и сешто. Може да кажеме посебно за трговската стока , облека, обувки, за домакинството потреби, тоа се увезува и со толку ниски цени што кај нас едноставно незамисливо е производството.,, вели ПЕТАР  УЗУНОВ – ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА РЕГИОНАЛНА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА СТРУМИЦА

 Евинцијата на регионалната занаетчиска комора во Струмица покажува дека скоро 90% од официјално регистрираните занаетчии се од услужните дејности.  Класичните производствени дуќани како што се  ковачи, столари и бравари, ножари, јажари, смарџии, калаџии или не постојат или пак нивните мајстори ги отвараат повремено, но од хоби и почит кон занаетот.

,, 99% се услужни занаети, многу малку имаме производство. Најмногу се од фризерско козметичката дејност, тука се фризери, бербери, козметичари, масери, тие се некаде бројка околу 150.,, вели УЗУНОВ

Обиди за заживување на дел од старите занети има, постојат и субвенции велат од занаетчиската комора, но без некој поголем ефект.  Старите мајстори веќе ги нема, а младите кои влегуваат во овој сектор тоа го прават претежно преку проекти и остануваа онолку колку што трае и самиот проект.