Бизнис
24. April 2018 - 16:32

Занаетчиите бараат поддршка од државата во борбата со нелојалната конкуренција

Евтините кинески производи ги заменија домашните занатечиски продукти. Некои занаети целосно изумираат а другите веќе не се потребни. Занаетчиите се жалат дека надлежните институции немаат слух ни за нивните забелешки за дивите препродавачи кои има прават дополнителен проблем. Бараат поголема поддршка од државата бидејќи нема развој на мали и средни претпријатија без занаетчиството. Проблем имаат и со стручните кадри и сметководствената евиденција која се бара од нив.

Нема водоводџии, електричари и паркетари, нема кој да ги поправи механичките часовници вели Петров. Владата треба да најде начин да ја издигне улогата на занаетчиите за да ги привлече младите генарации за да се занимаваат со оваа дејност.

 Оние кои се одлучиле за занает велат дека добро се заработува.

Во земјава има околу 5 000 занаетчии заедно со регистрираните вршители на оваа дејност. После 55 години денеска беа доделени мајсторски дипломи кои се врв во кариерата на занаетчиите.