Заменик министерот за здравство Рендевски презентираше три студии направени во државата на Првата светска конференција за Ковид-19
Во Белград се одржува Првата светска конференција посветена на борбата против Ковид 19, на која учествуваат еминентни експерти од светот на медицината од целиот свет. На конференцијата има близу 1.000 учесници, повеќе од 300 предавачи на над 50 теми, како и министри од регионот, меѓу кои е и заменик-министерот за здравство на Република Македонија Владимир Рендевски. Како што јави дописникот на МИА од Белград, целта на конференцијата, која го носи насловот Мултидисциплинарен научен одговор – Колективно знаење за заштита на глобалното здравје, е размена на знаења и искуства од областа на медицината, зајакнување на професијата и науката и зачувување на здравјето на сите граѓани.
Заменик-министерот Рендевски на конференцијата презентираше три студии кои нашата држава и комисијата за заразни болести ги имаат направено од кои во првата студија се анализираат бројот на новозаболени пациенти, бројот на почнатите и бројот на хоспитилизаринте врз основа на што се пресметува алгоритам за пресметување на епидемиолошкиот ризик и примената на епидемиолошките мерки.
-Во втората студија треба да се истакне дека во вакцинираната и невакцинираната популација се работеше серолошки скрининг кој што покажа дека кај првата група на невакцинирани има присуство на антитела кај 75 отсто, додека во втората група на вакцинирани околу 86 отсто, што укажува дека Македонија е земја со доста добра имунолошка состојба, поради што се намалуваат и ќе одат кон подобро епидемиолошките мерки, изјави Рендевски.
Во третата студија, вели тој, била направена анализа на варијабли меѓу испорачаните ковид услуги во ковид центрите и еден од главните маркери што покажала различност во квалитетот на тие здравствени услуги е бројот на медицинскиот персонал по пациент.
-Особено голема разлика помеѓу ковид-центрите имаше во бројот на медицински сестри по пациент. Како пример имавме институции каде имаше две медицински сестри на три пациенти и за разлика спротивно од нив, дури само една медицинска сестра на 64 пациенти, што беше главна причина во разликата на квалитетот на испорачаните здравствени услуги, изјави Рендевски. Првата светска конференција посветена на борбата против Ковид 19, Мултидисциплинарен научен одговор- Колективно знаење за заштита на глобалното здравје во Белград се одржува три дена, а ја отвори српската премиерка Ана Брнабиќ.
Александар Динев
Ново на Сител
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец