Заменик-министерот Макрадули на состанок на Акциска група за клима во Виена
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска ќе престојува во Виена каде ќе учествува на состанокот на Акциската група за клима.
На состанокот, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се дискутира за најдобрите начини за развивање, споделување и мониторирање на интегрираните енергетски и климатски пакети, за унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на капацитетите внатре и меѓу министерствата одговорни за енергетика и климатски промени и за развивање на регионалната соработка во пресрет на Конференцијата на страните за клима (COP23, Бон, ноември 2017 г.) во врска со спроведувањето на Договорот од Париз.
Акциската група за клима е формирана на Првиот неформален министерски совет што се одржа на 9-10 јуни годинава во Австрија.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа