-->
-->
Заменик-министерот Костадиновски на средба со земјоделците од општина Чешиново Облешево
-->

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски заедно со директорите на Платежната агенција и на Државниот инспекторат за земјоделство, Билјана Вуковиќ и Румен Стаменов, денеска имаше средба со земјоделците од Чешиново- Облешево.
Стана збор за проблемите пред жетвата на оризот, проодноста на полските патишта до нивите и исплатата на субвенциите и штетите од поплавите.
- Со земјоделците од овој регион за утре договоривме средба во Министерството на која ке присиствуваат и претставниците на откупните претпријатија од регионот за да се договори динаминката на откуп на оризот и откупната цена за килограм арпа и бел ориз. Преку програмата за директни плакања досега инвестиравме пет милиони евра и еден милион евра за подигање нови оризови површини, купување механизација и друга опрема, истакна Костадиновски.
Владата, додаде, обезбеди 50 илјади евра за чистење и санирање на т.н. Бугарски канал кај село Спанчево, како и изградба на зафати на Злетовска река кај село Уларци и на Брегалница кај село Чифлик.
Според заменик-министерот, исплатата на 65-те оштетени семејства од општина Чешиново-Облешево е реализирана согласно динамиката на исплата.
- Изградбата на браната Речани на Оризарска река ќе донесе препород на овој грај во Кочанската котлина посебно за водоснабдување на жителите од Кочани, Виница и Чешиново Облешево и за наводнување нови 1.500 хектари, за која цел се наменети 40 милиони евра. Тендерската постапка е во тек и до крајот на годината ќе се изнајде поволен изведувач на градежните работи на брната. Заедно со патот кој се гради до месноста Речани во вкупна вредност од 3,5 милиони евра, овој значаен стратешки објект ќе почне целосно да се реализира, информира Костадиновски.
Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Костадин Личков соопшти дека општината добила 400 илјади евра за реализација на три значајни проекти во населените места Чифлик, Теранци и Облешево за развој на ифраструктурата.
Заменик-министерот Ванчо Костадиновски ги посети и мостот кај село Чифлик, како и патот што треба да се прошири за да можат земјоделците непречено да стигнат до своите оризови полиња во Чифличко поле, а во компанијата „Осогово милк“ се запозна со резултатите од работењето и успехот на оваа компанија која откупува и преработува млеко од овдешните земјоделци, бидејки, како што рече, ова е убава приказна за рационално искористување средства од различни фондови кои ги овозможува државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
