„Заман“: Околу 1.300 хотели на егејското и средоземното крајбрежје се на продажба
Околу 1.300 турски хотели на медитеранот и егејското крајбрежје ќе бидат продадени заради намалување на бројот на туристите, објави весникот Заман.
Весникот наведува дека планираната продажба на хотелите е поврзана со влошувањето на ситуацијата во сферата на безбедноста и падот во туристичкиот сектор во државата. До голем степен негативно влијание врз туристичкот сектор е регистрирано по влошувањето на односите со Русија по соборувањето на рускиот авион Су-24 од турските ВВС на 24 ноември 2015 година.
По инцидентот, Москва запре со продажба на аранжмани во Турција на Руси.
Годишно Турција ја посетуваа околу четири милиони руски туристи. Бројот на туристи од Русија беше помал само од бројот на посетители од Германија.
Весникот Заман наведува дека е можно да се намали и бројот на германски туристи во Турција поради влошената безбедносна ситуација – на 12 јануари во терористички напад во Истанбул загинаа 11 германски граѓани.
Во целина, турските хотелиери регистрираат значително намалување на резервациите од Европа оваа година.
Весникот објави дека во реонот на Егејско Море за продажба се огласени 908 хотели. Вкупната вредност им е околу три милијарди долари. Само во округот Анталија се продаваат 410 хотели, од кои 120 се луксузни.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило