Свет
2. April 2024 - 18:36

Заложничка криза во затвор во Холандија: Затвореник киднапирал двајца затвореници

Заложничка криза се одвива во холандскиот затвор во градот Херхуговард, бидејќи затвореник зел двајца затвореници како заложници, објави денеска холандскиот јавен сервис НОС.

Од Одделението за правни услуги ја потврдија оваа информација, а киднаперот и заложниците се во иста просторија. Според портпаролот на затворската управа, засега нема информации дека имало насилство.

Заедно со полицијата присутна е и внатрешната затворска помош која се обидува да ја стави ситуацијата под контрола.

Исто така, се уште не е познато како затвореникот успеал да ги киднапира двајцата затвореници.