Свет
1. December 2016 - 18:43

Заложничка криза во банка во Џексонвил

Властите во Флорида соопштија дека во тек е заложничка криза во банка во Џексонвил, каде еден ограбувач држи неколку лица, како и дека полицијата е на лице место.

И полициските преговарачки тимови исто така се на лице место.

Портпаролката на канцеларијата на локалниот шериф Мелиса Бухеда изјави дека првичниот повик до полицијата укажува дека е можно некој да е застрелан за време на грабежот, но оти засега не може да биде потврдена информацијата.

Таа додаде дека е непознат бројот на заложници во банката.