Свет
18. April 2021 - 8:33

Залогот на Бајден: Ќе заживее ли повлекувањето на американските војници од Авганистан

На почетокот американската војна во Авганистан беше одмазда за 11.09. Потоа се водеше за поддршка на слабата влада и нејзината слаба армија, така што Ал Каеда на Осама бин Ладен никогаш повеќе да не може да им се заканува на САД.

Сега таа се движи кон самиот крај. Со оглед на тоа дека Бин Ладен е одамна мртов и дека САД не биле цел на уште еден голем напад, претседателот Џо Бајден вети дека ќе стави крај на најдолгата војна на Америка и ќе се фокусира на, како што рече, поголемите и позначајни предизвици за САД од Русија и Кина кои се во растечка позиција.

При сето ова, со својот план да ги повлече преостанатите неколку илјади американски војници од Авганистан пред 20-годишнината од нападите на 11.09. Бајден презема свесен ризик, бидејќи знае дека на екстремистите во Авганистан можат да им се спротивстават американските и сојузничките сили стационирани на други места во регионот. Тој, исто така, се надева дека нема да се претвори во претседател кој ги потценил издржливоста и можностите на екстремистите кои се уште имаат за цел да ги нападнат САД.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во Конгресот изјави дека САД сигурно ќе изгубат дел од својата разузнавачка предност во однос на екстремистичката закана, но навести дека загубите ќе бидат подносливи.

-Способноста на американската Влада да собира информации и да дејствува против закани ќе се намали. Тоа е само факт. Но, исто така, факт е дека по повлекувањето, кога и да се случи, ЦИА и сите наши партнери во американската Влада ќе задржат збир на можности , од кои некои се уште се достапни, а други треба да се генерираат за да ни помогнат да ги предвидиме и спротивставиме на екстремистичките обиди за закрепнување, рече Барнс.

Кога Бајден ја презеде функцијата, бројот на американски војници во Авганистан беше меѓу 2.500 и 3.000, што е најмалата бројност од раните фази на војната. Во време на првиот мандат на Барак Обама бројот на американски војници во Авганистан достигна сто илјади. Како што се намалуваше бројот на американски воени жртви, така се намали и јавниот интерес за Америка. Војната речиси и да не беше спомената за време на ланската предизборна кампања, а повлекувањето може да се покаже и популарно.

И покрај тоа, се  уште има загриженост. Стивен Бидл, професор на Универзитетот Колумбија, кој ги советуваше американските команданти во Авганистан, смета дека е можно Ал Каеда да ги обнови своите структури во Авганистан по повлекувањето на САД и нивните коалициски партнери. Во договорот од февруари 2020 година со владата на Доналд Трамп, талибанците ветија дека нема да дозволат Ал Каеда или други екстремистички организации да ја користат авганистанската територија за да им се закануваат на САД. Меѓутоа, овој договор може да биде загрозен со оглед на одлуката на Бајден да не ги повлекува американските сили пред 1 мај, како што вети администрацијата на Трамп.

Поголемата опасност, според Бидл, е повлекувањето да доведе до колапс на авганистанските безбедносни сили и мултилатерална граѓанска војна со вклучување на талибанците и други групи, што би било „посмртоносна верзија на граѓанската војна од 90-тите години на минатиот век.”

-Тоа ќе биде хуманитарна катастрофа за Авганистанците, многу полошо од она што го прават бунтовниците сега, рече тој.

Пошироко, отсуството на американски сили во Авганистан може да доведе до натамошна нестабилност во регионот со две ривалски нуклеарни сили, Пакистан и Индија, кои, исто така, треба да се справат со бунтовничките групи на нивна територија.

-Овој дел од светот и онака е веќе опасен. Најголемиот ризик тука е ситуацијата да се влоши, доколку се дозволи колапс на авганистанската Влада, рече Бидл.

За време на клучната фаза од војната, Обама усвои слична визија. Кога најави зголемување на американскиот воен контингент во Авганистан за 30.000 војници во декември 2009 година, тој се спротивстави на идејата за ограничување на екстремистичките закани во регионот на Авганистан и Пакистан само преку, во американската војска таканеречните сили „над-хоризонтот“ – војници и борбени авиони лоцирани надвор од Авганистан.

„Да го напуштиме овој регион сега и да се потпираме единствено на отпорот од далечина против Ал-Каеда само значително ќе ја попречи нашата способност да извршиме притисок врз Ал Каеда и да создадеме неприфатлив ризик од натамошни напади врз нашата земја и нашите сојузници“, наведе тогаш Обама.

И така, Обама продолжи да го зголемува своето воено присуство, со цел да ги нападне талибанците, така што тие ќе се согласат да преговараат за мировен договор.

Тоа не успеа. Талибанците продолжија да се борат. Дури и откако претседателот Доналд Трамп дозволи понагласен пристап кон талибанците во 2017 година, групата, која претрпе силни удари, не се предаде. Талибанците се согласија да преговараат со авганистанската Влада, но разговорите завршија во ќор-сокак.

Тешко е да се процени што е стекнато за 12 години откако Обама ја ескалира војната. Авганистанските безбедносни сили, се чини, сега се посилни, иако нивната издржливост ќе биде тестирана кога ќе останат без американската помош на која се навикнати да се потпираат. Авганистанската Влада не ја зајакна својата моќ низ целата земја, а Пентагон вели дека борбата против бунтовничките групи во Авганистан и на Блискиот Исток троши толку многу ресурси што САД ја ослабнаа својата позиција против Кина и Русија.

Војната досега однесе животи на повеќе од 2.300 Американци и им предизвика неизмерни страдања на Авганистанците откако САД ја почнаа инвазијата во октомври 2001. Десет години по почетокот на војната во мај 2011 година, американските сили го убија Осама бин Ладен во Пакистан и еден период тоа се сметаше дека е доволно за Вашингтон да може да го искористи како изговор за да се стави крај на конфликтот.

Неколку недели по смртта на Бин Ладен, еден млад американски војник во правлива позиција во источен Авганистан го праша министерот за одбрана Роберт Гејтс, кој им беше во посета, како смртта на лидерот на Ал Каеда ќе влијае врз војната, изразувајќи надеж дека конфликтот може да заврши побрзо и војниците да си одат дома.

Прерано е да се каже, одговори Гејтс.

Десет години подоцна, Бајден одлучи дека е време, иако за Авганистанците крајот на војната допрва се уште треба да претстои.