Македонија
11. јуни 2020 - 16:38

Закупците на плажите на Охридското Езеро бараат Владата да ја преиспита уредбата

Избрзана е одлуката на Владата со која се бара сопствениците на плажите во Охрид и Струга на кои им се истечени концесиите да ги вратат во првобитна состојба велат од општина Струга. На денешниот состанок со закупците на капалиштата долж струшкото крајбрежје тие најавија дека ќе бараат да се преиспита ваквата одлука и да се донесе нов закон за плажите.

Kонцесионерите на плажите револтирани велат дека ќе пропаднат милионски инвестиции на брегот на Охридското езеро, кои придонесоа за голем туристички развој.

Изминатиов период екологистите реагираа за разни објекти и дивоградбри долж езерото со кои се узурпира крајбрежјето.

Инаку ниту еден од концесионерите долж охридско струшката ривиера нема дозвола за работа концесиите им се истечени од 2014, а на други од 2018 година.