Законски измени за враќање на медицинските сестри во јавното здравство
Медицинските сестри, техничари и радиолошки технолози со средно, вишо и високо стручно образование ако сакаат, ќе можат да се вратат од приватното во јавното здравство. Ова го овозможуваат најновите измени на Законот за здравствена заштита што ги изготви Владата и кои се веќе во собраниска процедура.
Како што соопшти денеска ресорниот министер Никола Тодоров, законските измени се резултат на успешниот проект реализиран претходно со лекарите специјалисти, а целта е да се зголеми квалитетот на здравствените услуги зашто се работи за подготвен, искусен, обучен кадар.
За ваквата можност, нагласи Тодоров, веќе се поднесени најмалку 30 барања од медицински сестри.
- Услов за враќање на медицинските сестри, техничари и технолози е да имаат најмалку три години работно искуство во јавна здравствена установа или најмалку седум години во јавна или приватна здравствена установа која врши болничка дејност, подвлече министерот.
По усвојувањето на законските измени, ќе биде објавен оглас за изразување интерес на кој ќе бидат повикани да се пријават сите медицински сестри кои ги исполнуваат условите и кои сакаат да се вратат од приватното во јавното здравство.
- Очекувам да има голем интерес и уште повеќе да се зголеми квалитетот на здравствените услуги зашто се работи за подготвен, искусен, обучен кадар, истакна Тодоров.
Претходниот сличен проект кој се однесуваше на лекарите специјалисти, поттикна преку 200 од нив да се вратат во јавното здравство. Станува збор за лекари од 20 различни специјалности во 18 градови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени