Македонија
23. July 2019 - 16:11

Законот за СЈО оди во Собрание, Џафери се надева на политички договор

Владиниот закон за обвинителство со трансформација на специјалното обвинителство во ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција во Собранието може да биде донесен до 30 август. Ова е одговорот кој собранискит спикер Талат Џафери и го дал на американската амбасадорка Кејти Брнс која се интересирала дали законот може да ги помине собраниските процедури до 15 септември. Сепак, вели Џафери, не е се до процедурите туку и до политичкиот договор кој треба да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот.

Законот од Владата денеска влегува во собраниска процедура. Најрано кога точката може да биде ставена на дневен ред е 29 јули, пред пратениците да заминат на одмор и тоа во прво читање. Амандманската расправа би била оставена по одморите.

Сепак, до потребниот консензус тешко ќе се стигне.

ВМРО ДПМНЕ е против предлогот на Заев обвинителката Русковска да го рпедводи новото споено обвинителство. За законскиот текст не дадоа конечен став и најавија дека и натаму ќе работат на свиојот предлог текст. И дел од опозициските албански партии побараа поинакви решенија од оние предложени од владата.

Од СДСМ остануваат на ставот дека законот е неопходен.

Засега аферата Рекет која му пртѕходеше на новиот предлог закон, не ги тресе собраниските клупи но ако шпекулациите се потврдат Џафери ќе реагира.

Случајот „Рекет“ и евентуална вмешаност на пратеници, во контекст на борбата со корупцијата и владеењето на правото, била тема и на средба со новата американска амбасадорка Брнс. И спикерот и амбасадорката билесогалсни дека е неопходен правен епилог.