-->
-->
Законот за ратификација на Договорот со Бугарија на владина седница
-->
Владата на денешната редовна седница ќе го разгледа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.На предлог на Министерството за одбрана ќе биде разгледана и информација за завршените преговори за склучување договор за воена финансиска соработка меѓу владите на Македонија и Турција.
Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред се и информациита за фузионирање здравствени домови и општи болници во населени места, акцискиот план за развој на вонболнична постоперативна грижа на пациенти и акцискиот план за проектот „Воведување вакцинација против пнеумокок и рота вируси“.
Пред членовите на Владата е и Информацијата за функционирањето на националното координативно тело против семејното насилство, Информацијата за формирање и поддршка на земјоделски задруги, како и заклучокот за поништувањето на огласите за давање земјоделско земјиште во долгорочен закуп и раскинување на договорите од 18.08.2004 до 04.12.2004.
На предлог на ЈП „Македонија пат“ министрите ќе ги разгледаат и измените и дополнувањата на годишната програма за одржување и заштита на државните патишта за 2017, како и Информацијата за финансиски средства за набавка на потребната механизација и други потреби за нормално функционирање на ЈП „Македонија пат“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
