Македонија
8. February 2018 - 16:17

Законот за јазици ќе чека партиски преговори

Повторното гласање за законот за употреба на јазиците веројанто ќе биде одложено за доцна пролет. Во оваа насока се движеле разговорите помеѓу работните групи на власта и опозицијата за битните реформски процеси, потврдуваат извори од владејачкото мнозинство. Разговорите се уште течат и нема конечен одговор за тоа како ќе се надмине состојба со 36 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на зкаонот за јазици, но се оди во насока на одлагање на целиот процес, велат изворите.

Од друга страна официјалните ставови на партиите се дека никој не отстапува од своите позиции. Власта и понатаму бара ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече амандманите. Опозицијата бара законот да биде повлечен од Владата и заеднички да се договори нов закон.

-  Тунтев „Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сфати сериозноста на моментот и нема да дозволи поради ситни дневно – политички поени да бидат заборавени реформите и сериозните процеси што не очекуваат во наредниот период, а кои се од интерес на сите граѓани. Ние како парламентанро мнозинство ќе ги почитуваме сите процедури, но нема да дозоволиме да бидат бликирани процесите што треба да се случат во овој значаен период“.

Тунтев очекува Џафери да создаде услови за завршување на постапката за законот за јазици и ќе овозможи функциналност на парламентот.

Сличен став доаѓа и од коалициската ДУИ.

-  „Сметам дека се уште има простор опозицијата да се вразуми по однос на законот за јазици. Тоа е инверзибилен процес, процес од кој нема враќање назад бидејќи веќе ја има добиено довербата од 61 пратеник. Апсолутно е погрепна постапкта на претседателот бидејќи претседателот не е институција која е надлежна да ја цени уставноста, тоа е работа на уставниот суд. Има волја од пратениците и тоа ќе биде повторено. Сметам дека опозцијата имаше историска можност да го смени односот кон Албанците. Патот на Македонија до Брисел води низ Брисел“.

Параментот неделава е во мирување. Голем број на пратеници се на службено патување во Вашингтон и Стразбург. Простор за политички преговори ќе има и наредната недела, бидејќи од вторник 20-тина пратеници патуваат за Лондон како дел од проект за јакнење на капацитетите на парламентот.