Законот за безбедност на работа не ги даде очекуваните резултати, потребна е вистинска имплементација во пракса

Законот за безбедност и здравје при работа во изминатите 12 години не ги даде очекуваните резултати. Бројот на несреќи и смртни случаи на работното место не се намали. Потребна е негова вистинска имплементација во реалноста и подигнување на свеста кај сите работници и компании за важноста од ова прашање, порачаа учесниците на дводневниот регионален форум што се одржува во Скопје.
Согласни се дека е потребно да се направи исчекор во законската регулатива, како и да се изгради база на податоци која ќе дава точни информации за случените несреќи или смртни случаи на работното место. Најважна е соработката меѓу работниците и работодавачите кои заеднички треба да се посветат на самата имлементација на законот.
– Доколку работниците и работодавачите се посветат на имплементацијата на заштитата и безбедноста при работа тогаш ќе имаме вистински резултати. Колку може Трудовиот инспекторат да ги посети сите компании, ако имаме предвид дека постојат голем број мали и микро претпријатија во земјава. Истата ситуација е во земјите од Европската унија. Обучен работник и подобрување на социјалниот дијалог се она што е пресудно за подобрување на состојбите, вели Виктор Кемпа од Европскиот синдикален институт.
Според Милан Петковски од македонското Здружение за безбедност и здравје при работа, најважно е да станеме свесни дека само здрав работник може да создаде дополнителна вредност, а не болен човек.
– Ако ова не го научиме и ако не ја усвоиме превентивната култура, тогаш ние и во иднина ќе си ги повторуваме истите работи – дека инспекцијата не е добра, дека рабодавачите не се добри, дека работниците не се едуцирани. Изминатата година имаме пораст на несреќните случаи, поточно оние кои резултираат со смрт на работното место. Македонија не е безбедно место за работа. Македонија се уште е земја каде се гине на работното место, вели Петковски.
И од синдикатите и од Организацијата на работодавачи се согласни дека донесувањето на еден закон без негова вистинска имплементација не може да биде решение за подобрување на состојбите во оваа област.
– Примената на законот е неопходна бидејќи се случија многу несреќи на работното место, посебно во градежниот сектор. Ако се применуваше законот, немаше да се случи ова, вели претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски.
Од Организацијата на работодавачи сметаат дека главниот пердизвик е како законот да се спушти на самото работно место каде се случуваат несреќите.
– Законот се сведе на една формалност, процедура на тони хартија кои покажуваат дека работодавачот ги исполнил законските обврски и потоа хартијата стои во фиока. Главниот предизвик е како законот да се спушти на самото работно место каде се случуваат несреќите. Синдикатот и работодавачите многу подобро можат да дадат резултат отколку оние надворешните стручни лица кои еднаш во годината или ниеднаш доаѓаат во компанијата, истакнува Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.
Дводневниот форум е организиран од Сојузот на синдикати на Македонија и Секторот за БЗР на Европскиот синдикален институт. На него учествуваат претставници од седум држави во регионот.
Ново на Сител
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
