Македонија
2. October 2023 - 16:36

Законот за амнестија предизвика поделби и во СДСМ - Спасовски против решението

Законот за Амнестија изработен од Министерството за правда донесе несогласување меѓу премиерот и првиот човек на полицијата. Ковачевски предлага заострување на критериумите, а Спасовски смета дека амнестија не треба да има.

„Јас искажав мој став и кажав дека е тоа мој став и јас стојам цврсто на тој став, дека, со законскиот текст не се постигнуваат ефекти и дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови за да може тие кои се за издржување на казни да ги издржуваат казните, а не преку амнестии да ослободуваме простор во Казнено поправни установи“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Ваквиот став на првиот човек на МВР уште еднаш испровоцира реакција од министеротб за правда кој деновиве од САД испраќа провокативни статуси и реакции.

На Спасовски му дава формула како се станува претседател на државата.

Иако за законот за аменстија има несогласувања во рамки на СДСм, сепак и Спасовски беше на масата на состанокот на така наречениот стратешки совет на кој беа и Ковачевски и Заев.

Министерот за внатрешни велид ека на оваа средба не се одлучувало кој ќе биде претседателски кандидат туку се дискутирало за интеграциите. Вице рпемеирот маричиќ пак вели дека состанокот на кој лично не бил поканет билз а подготовка за следните избори.

Законот за амнестија наското ќе се најде во раце на пратениците. Ќе го додефинираат не само забелешките од опозицијата туку и најавените амандмани од редовите на СДСМ.