Законите за Бехтел и Енка со европско знаменце влегоа во Собрание
Власта во Собранието ја донесе потребата 5-те владини закони поврзани со Договорот за Коридорите да одат со европско знаменце и по скратена постапка.
Опозицијата ја напушти седницата кога владините претставници почнаа да ги образложуваат измените за работни односи, градење, експропријација и за урбанистичко планирање како и специјалниот закон за Бехтел и Енка.
Таа регира за злоупотреба на европското знаменце и дека парламентот на овој начин го легализира Договорот за кој постојат сомневања дека е коруптивен.
Против од владејачкото мнозинство беа единствено Морачанин од ДОМ и Блаковски од ВМРО-Народна партија.
Министрите пак, сo вообичаените објаснувања дека законските измени се прават за побрза и поевтина изграда на делниците.
Додека власта успеа да ја протурка брзата „европска“ трка за носење на законите, од ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до реалевантните европски авторитети за злоупотребената процедура.
И покрај изгласаната потреба, собраниската седница на која се наоѓаат 5-те контроверзни закони денеска е без исход. Имено, се уште не е изгласан комплетниот дневен ред за оваа пленарка, а пред тоа да се направи дури 28 пратеници побараа збор.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар