-->
-->
Закажана собраниската седница за имунитетот на шестмината пратеници
-->
Собранието на Република Македонија за утре во 12 часот ја закажа 25.седница на која ќе се расправа за симнување на имунитетoт на шестмината пратеници осомничени од Судот за настаните на 27 април во Парламентот.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери го закажа ова заседание на Парламентот по денешната седница на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања која одлучи да предложи симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски.
За симнување на нивниот имунитет потребни е да гласаат 61 пратеник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население