Зак Браун: Хамилтон е вистински борец – ќе сака да се врати за да ја освои осмата титула
– Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун го сподели своето мислење за тоа дали Луис Хамилтон ќе учествува во Формула 1 во 2022 година.
– Сигурен сум дека е многу лут. Но, ми се чини дека најмногу од сите возачи сака да се натпреварува на трки. Луис е вистински борец – ќе сака да се врати за да ја освои осмата титула. Мислам дека не е подготвен да ја заврши кариерата.
Иако не го познавам толку добро Луис. И нема да бидам шокиран дури и ако реши да замине. Малку е веројатно дека некој може да биде сигурен дека Луис ќе се врати.
Затоа, мислам дека сè уште не треба да исклучуваме ништо. Само ми се чини дека има жед за трки кај него и овој фактор на крајот ќе стане одлучувачки, истакна Браун за Би-би-си.
Во декември 2021 година, во Абу Даби се одржа последната трка од сезоната во Формула 1. Пред оваа етапа од Гран При, ист број на поени имаа Луис Хамилтон од Мерцедес и Макс Верстапен од Ред Бул. Верстапен го престигна Хамилтон во последниот круг и ја освои шампионската титула за прв пат во кариерата. Мерцедес поднесе жалби, а една се однесуваше на прекршување на процедурата за рестартирање по режимот на безбедносното возило. Стјуардите ги отфрлија овие жалби.
По завршувањето на сезоната 2021, Хамилтон не се појавуваше на јавни настани и престана да биде активен на социјалните мрежи. Договорот на Британецот со Мерцедес е со важност до крајот на 2023 година.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
