Свет
6. November 2016 - 11:22

Захра Ахмадипур назначена за заменик-претседател на Иран

Захра Ахмадипур беше назначена за заменик-претседател на Иран за прашања за културно наследство и туризам.

Претседателот Хасан Рохани го потпиша указот за назначувањето на Ахмадипур. 

Таа ќе го замени Масуд Солтанифар, кој минатиот вторник беше одобрен од Парламентот за министер за спорт и млади. 

Со назначувањето на Ахмадипур, во кабинетот на Рохани има четири жени. Освен Ахмадипур, во кабинетот се и Алхам Аминзадех, заменик-претседател на правни прашања, Шахиндохт Молаверди, заменик-претседател за прашања за жените и семејството, а Масумех Ебтелар, која во 1997 година беше назначена за заменик-претседател за прашања за животната средина, стана првата жена, која зазеде висока позиција во Иран.

Меѓу министрите во моментов нема жени.