Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се покажал како „крволочно чудовиште“.
-Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, бидејќи откако веќе ги уништи сопствените граѓани сега планира да ги уништува и странците, изјави Захарова за руските медиуми.
Руските медиуми потсетуваат дека Зеленски претходно вчера, на состанокот на групата Рамштајн, зборувал за испраќање странски воен персонал во Украина уште пред крајот на конфликтот.
-Тој едноставно ги уништи сопствените граѓани, сега е редот да ги уништи и оние што ги сметаат за негови сојузници.
Очигледно самиот се смета за некаков месија, но испадна дека е крволочно чудовиште, рече Захарова.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот