Захарова: Западот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Србија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова го обвини Западот дека се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Србија по предвремените парламентарни и локални избори на 17 декември.
Очигледни се обидите на колективниот Запад да ја размрда ситуацијата во земјата, користејќи ги техниките на државните удари на Мајдан, оцени Захарова.
– Строго почитување на словото и духот на Уставот на земјата и почитување на изборот на српскиот народ, кој гласаше за нивните национални интереси, се единствениот можен одговор, додаде Захарова, која направи паралела меѓу протестите во Србија и оние на Мајдан во Киев што доведоа до доаѓање на власт на прозападните сили во Украина на почетокот на 2014 година.
Дел од демонстрантите кои ги оспоруваат резултатите од последните парламентарни и локални избори во Србија, вчера се обидоа да влезат во градското собрание на Белград, кршејќи ги прозорците со камења пред да бидат оттурнати од полицијата.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
