Захарова: Со создавањето на Војска на Косово се прекршува меѓународното право

Ако Силите за безбедност на Косово бидат трансформирани во Војска на Косово ќе биде прекршено меѓународното право, бидејќи тоа и противречи на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска претставничката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, јави ТАСС.
Захарова истакна дека косовските власти со години алудираат на создавање на Војска на Косово, напоменувајќи дека се обидуваат да го направат тоа без уставни амндмани, додека српските пратеници во косовскиот Парламент тоа не го одобруваат.
- Претпоставуваме дека прашањето лежи на сосема друго ниво. Од клучно значење е тоа што таквото дејство само по себе претставува кршење на меѓународното право бидејќи и противречи на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, нагласи Захарова, прецизирајќи дека единственото „присуство на сила“ што оваа резолуција го предвидува е мисијата на КФОР, што во моментов се состои главно од контингенти на НАТО.
Захарова потенцираше дека формирањето на Војска на Косово би претставувало крајно неодговорен чекор, од гледна точка на безбедноста во регионот како и во цела Европа.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
