Захарова до новинарката Курикс: Внимателно бирајте ги зборовите
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова и забележа на американската новинарка за „изборот на зборовите“ при интервјуто за порталот „Јаху глобал њуз“, посебно истакнувајќи го користењето на зборот „режим“.
Захарова ја изнела забелешката на почеткот на интервјуто со новинарката Кејти Курикс, кога таа го споменала „Режимот на Путин во Русија“, наведувајќи дека тој термин е несоодветен.
- Дали го користите истиот збор „режим“ и за американската администрација?, постави прашање Захарова.
- Кој збор сакате да го користиме?, одговорила со прашање Курик.
- Не знам. Ве прашувам што ви е мотивот? Сметам дека ако народот го избрал претседателот на својата земја, тогаш не станува збор за режим, туку за демократија, заклучила Захарова.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот