Захарова: Американските медиуми се полни со предрасуди
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека американските медиуми за време на посетета на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Вашингтон покажале големи предрасуди и недостиг на независно размислување.
Захарова наведе дека медиумите на вчерашната прес-конференција, што ја одржа Лавров по средбите со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, не покажале никаков интерес за билатералните односи.
Повеќето прашања, објасни Захарова, се однесувале на наводното мешање на Русија во американските претседателски избори и разрешувањето на директорот на ФБИ, јави ТАСС.
- Ниту сериозен аргумент, а ниту шега, не успеаа да ја запрат поплавата од прашањата на американските новинари, кои изгледа не сфатиле колку е бесмислено да го прашате министерот за надворешни работи на друга земја за причините за одредена смена на персонал во сопствената земја, истакна Захарова, која е дел од руската делегација што ја предводи Лавров во САД.
Тоа, нагласи таа, укажува на огромните предрасуди на медиумите, недостигот од независно размислување и контролата од страна на одредени политички групи.
Захарова потенцираше дека е загрижена за идинината на американските масовни медиуми.
- Имајќи го предвид нивното големо влијание на медиумскиот простор во светот, тоа е наш заеднички проблем. Невозможно е да имате толку моќни ресурси за влијаење врз јавното мислење и во исто време да паднете на нула што се однесува на интелектот, заклучи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Седници на четири собраниски комисии
-
КБК Шампион најдобар на Првото национално кик-бокс првенство
-
Потпишување договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
-
Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени
-
Учителка избодела до смрт осумгодишно девојче во Јужна Кореја
-
Американските тарифи за увоз на челик и алуминиум ќе бидат на сила од 12 март