Македонија
8. December 2019 - 16:29

Захариева: Преговорите со ЕУ на Македонија и Албанија не треба да се одложуваат

Македонија и Албанија не треба да трпат поради француското барање за нова методологија за проширување на ЕУ. Преговорите за присоединување треба да се водат паралелно, е ставот на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

За време на конференцијата во Софија посветена на Западен Балкан, таа изрази надеж дека во следните шест месеци, Скопје и Тирана ќе добијат зелено светло за почеток на преговори со ЕУ.

“Започнувањето на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и на Албанија не треба да се одложува поради францускиот предлог за нова методологија за преговорите за присоединување. Тие процеси можат да се одвиваат паралелно. Дел од реформите, предложени од Франција, се прифатливи за Бугарија, но тоа не значи дека давањето зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија треба да се одложи до усвојување на новата методологија”, децидна е Захариева.

Работите на Балканот никогаш не се црни или бели, ја опишува Захариева ситуацијата во регионот. Осврнувајќи се на постигнатиот напредок во процесот на евроинтеграциите на шесте земји, подвлкува - бараните реформи мора да бидат завршени.

“Понекогаш сум еден од најгласните министри за надворешни работи дека ЕУ не може да донесе одлука. За тоа не е виновна само Унијата. Голема одговорност имаат и земјите кандидатки. 6-те земји треба да ги извршат неопх09дните реформи, колку и тие да се болни”, додаде шефицата на бугарската дипломатија”

Во овој контекст, Захариева како пример го наведува и Договорот за пријателство и добрососедство со Македонија, оценувајќи дека тој не се исполнува со доволно добро темпо, особено во делот за историјата.

Работатата на мешовитата комисија се закочи кај прашањата за Гоце Д-елчев и средновековната историја. Во овој момент не се знае кога историчарите ќе ја продолжат работата, а решението за спорните прашања не е на повидок.

Како шанса за поголем европски фокус кон земјава, Захариева го наведува престојниот Берлински процес за Западен Балкан, на кој Бугарија и Македонија се заеднички домаќини. Основните приоритети ќе биде поврзаноста – како инфраструктурната, така и дигиталната, а нема да бидат запоставени ниту младите, екологијата, образованието и сигурноста.