Захариева: Очекувам од 15 јуни нормално движење во ЕУ и соседните држави
Имам надеж и очекување, координирано, во согласност со спецификите на секоја од државите, од 15 јуни да се врати нормалното движење во рамките на Европската унија и со соседните земји кои имаат сличен епидемиолошки ризик, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
– Ова е многу важно. Конечно, немаме за цел да се вратиме на ситуацијата од пред позитивните податоци за намалување на бројот на заразени, рече Захариева одговарајќи на прашањето дали се очекува укинување на карантинот за бугарските туристи кои патуваат во Турција, Северна Македонија и Албанија, како што веќе се случи за четири други држави на Балканот.
Според неа, дури и да се олесни движењето, сето тоа ќе се одвива во согласност со физичката дистанца, барањата во авионите, хотелите и сите барања што секоја земја ќе ги одреди за речиси цело лето.
Таа потсети дека Министерството за надворешни работи препорачува до бугарските граѓани да патуваат само во краен случај.
– Европа веќе не е во центарот на кризата, како што беше пред околу три недели. Сега има континенти кои се многу потешко погодени. Не е случајно што Европската комисија издаде препораки до земјите-членки за постепено олабавување на мерките што ги презеде секоја земја. Една од целите е да се врати слободниот заеднички пазар – едно од најважните достигнувања на Европската унија, но тоа мора да се направи одговорно и со проценет ризик, рече Захарова.
Таа додаде дека на иницијатива на бугарскиот премиер започнале разговори Грција, Романија и Србија, кои се со сличен епидемиолошки ризик.
– Внимателно ги следиме процесите. Ние сме исто така во контакт со Република Северна Македонија, за граничните работници, рече Захариева.
Ново на Сител
-
Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
-
Хегсет го брани нападот врз Иран: Програмата е „уништена“, и покрај сомнежите
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството