Захариев: 1000 куќи за млади брачни парови ќе се градат во Штип
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев кој е и актуелен градоначалник, денес најави нов проект.
Проектот се однесува на станбена изградба и изградба на куќи за млади до 35 години.
-Припремаме урбанистичка документација за изградба на 1000 куќи во нашиот град кои ќе бидат наменети за сите млади брачни парови до 35 години и ќе бидат лоцирани во населбата Баби и во населбата Три чешми. Во Три чешми ќе бидат распоредени кај стадионот кон аеродромот Сушево и од црквата Свети Илија кон градот, а во населбата Баби ќе бидат лоцирани под филтер станицата. Големината на плацовите ќе биде од 250 до 300 метри квадратни, цената ќе биде по едно евро за метар квадратен или по плац 250-300 евра, рече Захариев.
Тој потенцира дека општината ќе ги ослободи овие млади лица од плаќање на комуналии. Според него, новите 1000 куќи ќе бидат за брзо време изградени во градот.
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието