Захарак: Соседите дефинитивно ќе бидат Македонци, а не Северномакедонци
Софија Захарак, пратеничка на Нова Демократија, утрово на Евроњуз објасни зошто таа утре ќе гласа против Преспанскиот договор, јави дописничката на МИА во Брисел.
Захарак смета дека договорот ги „пречекорува сите црвени линии на Грција“ и “им ги оставина соседите националноста и јазикот“.
-Ние не сме против никого, но сакаме да ги сочуваме историските димензии, рече Захарак.
На прашањето на водителката дали Договорот значи дека “иако новото име на државата е Северна Македонија, потенцијално тие ќе можат да го користат македонски, а не северномакедонски како придавка?“, Захарак одговори: “не, потенцијално, туку дефинитивно“.
-Одредбите од Преспанскиот Договор на народот му дозволува да се нарекуваат само Македонци, иако името на земјата е Северна Македонија, рече Захарак.
Ново на Сител
-
Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија
-
Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?
-
Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ
-
Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во Куманово
-
Конференција за грижа на менталното здравје на младите
-
Преглед на вести од светот