Речиси милион машини за сушење алишта во Британија имаа фатална грешка поради која може да предизвикаат пожар.
Кога грешката е откриена во Британија имало 5,3 милиони од овие уреди, но алармот зазвонел кога се дозна дека и сега се користат милиони машини.
Фалинката е откриена во 2015 година и до тогаш била причина за 750 пожари.
Британскиот комитет кој го испитува овој проблем тврди дека реакциите на компанијата Вирпул кој е сопственик на проблематичните машини е повеќе од разочарувачка.
Од друга страна компанијата смета дека нејзината реакција била адекватна и дека стапката на повлекување на уредите е три пати повисока од индустрискиот просек.
Речиси 1,7 милиони уреди се заменети, а четири милиони купувачи се контактирани директно.
И покрај сите промени, бројот на пожари предизвикани од расипани електрични уреди не се смалува и изнесува 4.300 - 4.500 случаи годишно.
Поради тоа Комитетот смета дека треба да се воведат драстични промени во начинот на кој се контролираат производите во Велика Британија.