Балкан
3. April 2016 - 8:22

Загрижувачки раст на сообраќајните несреќи во Косово

Полициската статистика потврдува зголемен број сообраќајни несреќи, повредени и загинати по патиштата низ Косово, во првите два месеца од годинава, споредено со истиот период лани.

- Бројот на сообраќајните несреќи со фатални последици, по патиштата низ Косово продолжува да биде загрижувачки. Само во првите два месеца од годинава, јануари и февруари, во собраќајни несреќи животот го загубиле 18 лица, додека 747 се повредени, изјави Даут Хоџа, портпарол на косовската полиција, за елекронското издание на веникот „Експрес“.

Од вкупната бројка во месец февруари во сообраќајките, повредени се околу 400 лица, додека петмина го загубиле животот.

Споредено со првите два месеца од минатата година бројката на загинати е поголема, вели Хоџа и додава дека во периодот јануари-февруари 2015 година биле регистрирани девет жртви.

Сообраќајната полиција тврди дека најзагорезени учесници во сообраќајот се пешаците.