Заглавија преговорите помеѓу власта и опозицијата
Партиите и по 9 месеци преговори далеку од решение за законот за обвинителство. Власта и опозицијата по вчерашниот прекин на состанокот на работните групи меѓусебно повикуваат на нови разговори и нормален политички дијалог, но и се обвинуваат кој го кочи процесот.
Од владејчката СДСМ велат ВМРО-ДПМНЕ и нејзниот лидер не сакаат право и правда, но и дека неуспеал нивниот обид да пропаднат предметите на СЈО.
- Пред граѓаните презедовме одговорност да изградиме силна и независна правна држава и тоа го обезбедуваме. Затоа не отстапивме од принципот предметите на СЈО да продолжат, да не ја изгубат иднината, да има одговорност. СДСМ сака нормален политички дијалог со опозицијата за сите стратешки прашања. Ние сакаме да обезбедиме принципиелен договор со опозицијата за да се изгласа Законот за ЈО. Нашиот став е јасен и принципиелен, одговорност мора да има за секој, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
Опозицисиката ВМРО-ДПМНЕ пак, тврди дека власта е таа која не сака да биде донесен нов закон за обвинителство што ќе донесе право и правда.
Во меѓувреме, нема закажано нова средба откако предвониците на работните групи минитерката Рената Дескоска од името на власта и пратеникот Антонио Милошоски од името на опозицијата објавија дека двете страни имаат различно толкување за тоа што е договорено на лидерската средба Заев – Мицкоски.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар