Македонија
10. December 2018 - 16:04

Заглави договорот за Законот за амнестија

Нема договор за амнестијата за 27 април. Работната група за помирување денеска го прекина состанокот поради тоа што се појавиле нови забелешки како правно да се формулира скалестото помилување, велат од групата. Но од таму не сакаат да прецизираат во што точно се состојат предлозите на 8-темина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и кои се заблешеките.

Од вледајчката СДСМ потврдуваат дека помирувањето се одложува. Причината биле службени патувања на пратениците, но и нови предлози.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, останува на ставот дека тие ќе прифатат закон од групата запомирување  само доколку со него нема да се предвиди селективна правда.

Неофицијално, законското решение за амнестијата ќе чека да завршат сведочењата во судскиот процес за насилствата од 27 април.

Од друга страна, собранискиот спикер Талат Џафери вели да не се прават провокации за да заврши процесот без проблеми.

Засегнатите страни, ќе имаат време да го договорат помирувањето до 9 јануари. За тогаш Џафери ја закажа седницата за амандманите на Уставот. Планира процесот да заврши до 15 јануари. За оваа конечна фаза повторно ќе бидат потребни 80 пратеници.

Според лидерот на вмро дпмне Мицкоски неизвесно е Заев ќе го обезбеди потребнотот мнозинство.

Комисиската расправа за амандманите  почнува на 19 декември откако ќе биде поднесен Извештајот од јавната расправа  и предлог амандманите од страна на Владата.