Заглавена експропријацијата на земјиштето за изградба на Коридорите 8 и 10Д
Заглави експропријацијата на земјиштето за градба на коридорите 8 и 10д. Извештајот на Супервизијата за коридорите кои треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ покажува дека државата досега извршиле експропријација на само 58% од земјиштето за автопатите Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани – Ќафасан и Прилеп – Битола.
Средставата за експропријација се проценуваат на околу 300 милиони евра. Државата, според надлежните, земјиштето ќе го купува по пазарна цена која се пресметува врз основа на данокот на имот што го плаќа сопственикот на недвижнината.
Јавното претпријатие за државни патишта на „Бехтел и Енка“ досега ѝ исплатила околу 235 милиони евра, а годинава е предвидено да бидат префрлени нови 250 милиони евра директно од државнито Буџет.
„Бехтел и Енка“ ги градеше и автопатиштата во соседно Косово каде денеска падна пресуда за незаконска исплата од 53 милиони евра. Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на три години и осум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет. Тој доби и три и пол-годишна забрана да врши јавни функции во јавната администрација .
Казна затвор добија и неговиот секретар, директорот за набавки, но и советник на министерот.
Освен во Македонија и на Косово, „Бехтел и Енка“ беше присутна и во Албанија, Хрватска и Романија каде имаше корупциски скандали. Хрватска и Романија беа принудени предвреме да ги откажат договорите со американско-турскиот конзорциум.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар