Загинатиот возач во денешната сообраќајка во Бугарија не е Македонец

Возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин, јави дописникот на МИА од Софија.
Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал било со црногорски регистарски таблички.
Сообраќајната несреќа во која учествуваа два камиона се случи утрово околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на 161-от километар на автопатот Тракија на коловозната лента во правец кон Софија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора. До несреќата дошло кога едниот камион удрил во другиот, што стоел на крајната коловзна лента. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвиваше само на една коловозна лента и се формираше колона возила во должина од околу пет километри.
Бугарскиот медиуми првично јавија дека во несреќата учествувале турски и бугарски камион и дека загинатиот бил возач на возилото со турски регистарски таблички. ТВ21, пак, повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички.
Ново на Сител
-

Шестгодишно дете тешко повредено откако во него удрил камион во Скопје
-

Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило
-

Тошковски: За десет месеци 33 загинати помалку во сообраќајот
-

Извештај на ЕК: Македонија е целосно усогласена со ЗНБП и ги засили напорите за Реформската агенда, остануваат уставните измени
-

Добра вест: Обезбедена е „Трикафта“ за сите 126 пациенти со цистична фиброза
-

11 возачи приведени во изминатото деноноќие – Осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол
-

ФЗОМ ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
