-->
-->
Загина пешак во сообраќајка во Чаир
-->

Педесет и петгодишниот И.К. од Скопје загина синоќа откако патничко возило „Ауди А3“ со турски национални ознаки, управувано од Џ.Ш. (28) од Скопје, удрило во него на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 20:20 часот.
- Од ударот, И.К. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде по кратко време починал, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
