Македонија
29. July 2016 - 16:23

Загина мотоциклист во Гостивар

31 годишно лице од Гостивар кое управувало моторцикл го изгуби животот во сообраќајна несреќа откако во него удрел автомобил голф што го возел 16 годишник од Мало Турчане. Несреќата се случила во 2 часот и 10 минути ноќеска, на улицата Кеј Братство Единство, кај мостот пред зградата на судот во Гостивар. Возачот на голфот, како и тројца други малолетници кои биле во возилото не се повредени. Обвинителството и полицијата извршиле увид по што телото на починатиот е дадено на обдукција. Во истрагата ќе се користат и ДНК профили земени од сите учесници кои ќе се споредуваат со трагите најдени на улицата.

Од полицијата повторно предупредуваат дека овозможувањето малолетници да управуваат со возила, често резултира со сообраќајни несреќи.

Во првите шест месци од годинатава тетовската и гостиварската полиција нашла дури 1.300 лица кои возеле без да имаат возачка дозвола, од кои голем број биле малолетници.