-->
-->
Загина кавадарчанец, се превртел со трактор додека извлекувал автомобил од нива
-->
Загина тракторист во Кавадаречко, информира Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
– Вчера во 14 часот било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон село Ресава, во месноста викана „Црвена земја“, Љ.К.(54) управувајќи трактор „фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило „шкода фаворит“. Притоа изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел. На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт – соопшти Ангеловски.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
