Загина 53 годишен маж во синоќешната сообраќајка во неготинско
Возач на 53 години почина, а уште еден е повреден во сообраќајката што се случи вчера попладне во неготинско, кога се судрија три патнички моторни возила.
Од СВР Велес информираат за МИА дека сообраќајката се случила на регионалниот пат Неготино-Кавадарци кај местото викано ,,Антени" меѓу патничко моторно возило „форд“ со неготински регистарски ознаки управувано од С.С.(53) од неготинското село Тимјаник, патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од П.Ј.(27) од Кавадарци и патничко возило ,,сеат" со тетовски регистарски ознаки управувано од Р.Г.(27) од Кавадарци.
- Од сообраќајната несреќа со возило на Итна медицинска помош од Неготино, во болница во Кавадарци биле пренесени возачите С.С. и П.Ј., каде била констатирана смрт на С.С., а кај П.Ј.биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Неготино. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, велат од СВР Велес.
Ново на Сител
-
23 годишник прегазил 75 годишна жена во Куманово
-
Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари - поднесена пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бајрами не е избеган, само не живее во државава, вели неговиот адвокат
-
Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија
-
Почесниот конзул на Косово на информативен разговор во полициска станица Карпош, се поврзува со бегството на Груби
-
Инфлацијата во еврозоната расте помалку отколку што беше првично проценето
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Од 1 јануари поскапа струја во просек за 0,92 проценти