Македонија
6. February 2023 - 12:24

Загина 36 годишен маж во сообраќајка пред Штип

Тешка сообраќајна несреќа однесе уште еден млад живот. Утринава околу 5,30 пред влезот на автопатот Штип – Миладиновци на експресниот пат во близина на штипската приградска населба Три Чешми, дошло до директен судир помеѓу возило марка „Голф 4“ и камион со косовски регистерски таблички. Поради силината на ударот на лице место загинал возачот на автомобилот, 36 годишен гевгеличанец.

Според информациите добиени од терен, истиот возач половина час пред трагичната несреќата бил запрен од полициски службеници и казнет за брзо возење. Поради тежината на несреќата комплетна идентификација се уште не е направена. Додека трае увидот неколку часа автопатот Штип-Миладиновци е затворен за сообраќај. За патување кон Велес, Свети Николе и Скопје и во обратна насока, возачите се пренасочуваат прегу регионалниот пат. Од СВР Штип информираат дека повеќе детали околу несреќата ќе соопштат по завршување на увидот. Од почетокот на годината ова е трета жртва во сообраќајни несреќи во околината на Штип.