Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов
Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите откако бил погоден со куршум од ловечка пушка во атарот на селото Витолиште, Мариово.
Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.
– Денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14,55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите, соопшти Стаматова.
Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.
Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ЕК: „Спутник V“ не е дел од ЕУ стратегијата за вакцинирање
-
СДСМ: Стоилковски бега од соочување со правдата, но криминалот на неговата партија нема да го одбрани
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не сите пратеници што гласаа доверба на Владата вчера, тоа ќе го направат пак
-
Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин веќе должи 2.200 евра, а Заев го задолжи за дополнителни 330 евра
-
Конечни резултати на косовските избори: Партијата на Курти освои речиси половина од гласовите
-
Во хотели и шатори ја поминаа ноќта дел од жителите од грчкиот регион погоден од земјотресот
-
Рама најави масовна вакцинација во периодот од март до јуни
-
Во Хрватска потврдена чешката мутација на коронавирусот