Загадениот воздух го скратува животот за две години, а Скопје е шести најзагаден воздух во светот
Загадениот воздух ги намалува животите на луѓето во просек за речиси две години. До овој заклучок дојдоа научниците од Институтот за енергетска политика на Универзитетот во Чикаго.
Според податоците Непал е земја со најзагаден воздух во светот, по што следи Индија.
Загадувањето на воздухот во овие земји е толку сериозно што го скратува просечниот животен век на нивните граѓани со цели 4 години.
Степенот на загадување на атмосферата зависи од регионот. На пример, во подножјето на Хималаите воздухот е исклучително чист, пишува BGNews.
За споредба, прогнозираниот животен век во Кина – земја со многу валкан воздух, се скратува само со 2,9 години, а во САД – со 0,1 години.
Загадувањето на воздухот во голема мера е предизвикано од согорувањето на фосилните горива, скратувајќи ја на глобален план должината на животот во просек за 1,8 години на човек.
Еколозите бараат од Градот Скопје и Министерството за животна средина да почнат со итна примена на краткорочни и среднорочни мерки насочени кон намалување на загадување на воздухот во градот. Според најновиот извештај објавен на конференција за аерозагадување организирана од Светската здравствена организација, жителите на градовите во Македонија дишат најзагаден воздух во цела Европа.
Ново на Сител
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови