-->
-->
Загадени водите на Кочанска река
-->

Водите од Кочанска река кај селото Горни Подлог кои се користат за наводнување на оризовите полиња во атарот на кочанско поле, од вчера попладне се загадени со непозната материја која на моменти водата ја прави бела и црна. Од изутринава реагираа земјоделските производители од атарот на село Горни Подлог кои водата ја користат за сеидба на оризовата култура, како и вработени од Водостопанство „Брегалница“.
-При престојот на лице место можеше да се забележи енормно загадување на водите на Кочанска река, во кои се влива испустот од индустриската вода од неколку индустриски капацитети од Кочани. За случот го известивме и надлежниот овластен инспектор за животна средина во општина Кочани, како и државниот инсектор за животна средина од Скопје, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.
Гоцев нагласува дека досега не е забележана ваква појава на загадување на водите од Кочанска река, која во најголем дел се користи за полнење на ниувите во дел од Коачнско поле за сеидба на ориз.
Очекуваат надлежните државни органи да превземат соодветни мерки за утврдување на загадувачот на водата во Кочанска река кај село Горни Подлог.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
