Македонија
12. November 2020 - 21:38

Заев: За сите членови на македонската фудбалска репрезентација по 10.000 евра

Премиерот Зоран Заев во фејсбук објава на својот фејсбук профил посочи дека на вечерашната седница на Владата е донесена одлука да ги награди фудбалерите за историскиот успех со по 10.000 евра.

„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех - пласман на Европско првенство.“ напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.