Заев за „Рекет“: Видеото и четири разговори беа доволни да пријавам
–
-Премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ рече дека на 22 април го пријавил тоа што го видел, односно она што беше објавено од Орце Камчев и од него предадено на Јавното обвинителство – видео на кое не се гледа Катица Јанева, туку комуникација меѓу Боки 13 и Орце.
-Не можете никој да го обвините претходно, на крајот истрагата ги отвори моментите, па дојдовме до денешната состојба на перцепција кој каде бил и каде постои индиција и можност да биде одговорен, рече Заев.
Додаде дека не се водел воопшто никого да чува и да скрие и дека прва должност му била да пријави.
-Ми беше презентирано видеото и четири разговори кои се доволен основ. Сите треба да бидат еднакви пред законот, секој што има индиции треба да биде сериозно истражен заради тоа што само така сме и нормална земја, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во преодната влада.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
