Македонија
28. August 2017 - 8:40

Заев за празникот Успение на Пресвета Богородица во Струмица и Берово

Премиерот Зоран Заев денеска по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе присуствува на утринска литургија во манастирот во Водоча и ќе ја посети црквата „Пресвета Богородица“ близу Берово.

Тој ќе ја посети и новата црква во изградба „Успение на Пресвета Богородица“ и црквата „Св. Петнаесет тивериополски маченици“ во Струмица, а потоа ќе биде меѓу граѓаните Берово во црквата „Пресвета Богородица“ близу градот.