Македонија
30. December 2022 - 16:37

Заев во СДСМ подготвувал предвремени избори, Мицкоски чека поддршка за распуштање на Собранието, можна ли е широка коалиција?

Дали експремиерот Заев преку внатрешни превирања во СДСМ ќе обезбеди пратеници од владејачкото мнозинство што би гласале за распуштање на парламентот на почетокот на иданата година? Оваа дилема ја отвора порталот Плусинфо кој тврди дека Заев преку негови блиски во партијата се обидува да обезбеди нов владејачки мандатат на СДСМ, овој пат заедно со ВМРО-ДПМНЕ, но без ДУИ,  и покрај лошите рејтинзи на анкетите. Планот на екс-лидерот опфаќал 7 точки, меѓу кои се:

 „Одржување итни предвремени парламентарни избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе ја делат власта во наредните осум години. Премиер да биде победникот на изборите. Eлиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата. Заев рекол дека на Албанците треба да им се овозможи 25-процентно присуство во Владата, но тоа да не биде ДУИ на Али Ахмети“, пишува Плусинфо.

Во планот се и предвремени претседателски избори, доколку СДСМ добие премиер. Во тој случај шеф на државата би бил некој од редвоите на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се тврди дека Заев веќе располага со 7 пратеници.

Речиси истовремено, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак, потврди дека има пратеници од Колиацијата на СДСМ што би застанале зад неговото барање за предвремемни избори во мај. Сепак, тој тврди дека не се видел со Заев.

Во последното интервју на премиерот и лидер на СДСМ Ковачевски пак, цврсто стои на тоа дека изборна година е 2024 година. Смета дека задача на овој парла,ентарен состав се уставните измени.

 „Сите 120 пратеници треба да ги послушаат граѓаните и да донесат државничка одлука. Убеден сум дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата. Зборувам за овој парламентарен состав, бидејќи во 2024 година ќе имаме нов парламент и нему исто така ќе му претстојат одлуки за исполнување на критериуми за членство во ЕУ“, вели премиерот.